Македонија

Повик за компании: Награда за човекови права во бизнисот

22 ное 2019

Распишан е повик за признание за компании кои ги почитуваат човековите права, на кој можат да учествуваат сите регистрирани правни лица постари од три години, како и компании кои се дел од меѓународни корпорации, а имаат регистрирано претставништво во земјата. 

Признанијата се во рамки на проектот „Поттикнување на принципите за бизнис и човекови права“ финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Конект во партнерство со Бизнис Конфедерација и во соработка со „Мрежата на Глобалниот договор на ОН во Северна Македонија”.

Почитувањето на човековите права е обврска на сите сопственици на бизниси менаџери(-ки) и вработени. Трагаме по посветени компании со позитивни практики за унапредување на човековите права во деловната средина. На овој начин, ја поттикнуваме усогласеноста на бизнисите со водечките принципи за бизнис и човекови права на ОН и Целите за одржлив развој. Ги повикуваме сите компании кои сметаат дека можат да бидат пример за други  да се пријават за награда, соопштија организаторите.

Пријавувањето е до 2 декември, а наградите ќе се доделат на 11 декември. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...