Македонија

Македонците би биле задоволни со плата од 565 евра

12 ное 2019

Граѓаните на Македонија би биле задоволни со месечна плата од 565 евра, што е околу 150 евра повисоко од просечната плата во земјава. Ова го покажуваат податоците од истражувањето на Poslovi.infostud, спроведено на 4.000 испитаници од Србија, Хрватска, Македонија и Босна и Херцеговина, пренесе bi.mk.

Граѓаните на Србија очекуваат плата од 600 евра, во Босна и Херцеговина со 700 евра, додека очекувањата на жителите на Хрватска се околу 1.300 евра. 

Од земјите опфатени со истражувањето, жителите на Босна и Херцеговина најмногу се плашат за своето работно место, додека кај нас тој страв е најмалку изразен.

Испитаниците од земјите се согласни дека на работа најважни се меѓучовечките односи. На второ место е висината на платата, па работното време и можноста за учење и напредување.

Младите кои сè уште се школуваат во најголема мера очекуваат да најдат работа во рок од три месеци по завршување на школувањето (37%), нешто подолг рок од шест месеци прогнозираат 20% од испитаниците, додека 8% очекуваат дека за да најдат работа ќе им треба повеќе од една година.

Оние кои се невработени очекуваат околу 100 евра пониска плата од оние кои веќе работат. Исто така, мажите очекуваат за 100 евра поголема месечна плата за разлика од жените.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...