Македонија

Ден за трендовите и можностите со „Нилсен“

06 ное 2019

Преку интерактивни презентации и запознавање со алатките и услугите што ги нуди „Нилсен“, на 30 октомври во Скопје се одржа Nielsen day.

Во присуство на претставници од трговски синџири, дистрибутери и производители, воведен збор имаше Мирослав Тасиќ, генерален менаџер на „Нилсен конект адриатик“. Тој ја нагласи целта на настанот - презентирање на можностите и начините за унапредување и анализирање на бизнисите и носење стратешки одлуки.

Вкупно 50% од производите во Србија, 80% во Хрватска и 90% во Словенија се продаваат во КА. Во регионот се забележува тренд на окрупнување на малопродажбата. Во Македонија пред 15 години 85% од производите се продавале во мали продавници, а денес 30% се продаваат во КА, истакна Тасиќ.

Свои излагања имаа Милош Стојановиќ, лидер за соработка со трговските синџири кој ја претстави историјата на работењето на „Нилсен“, и Душан Грујиќ, комерцијален РМС-лидер за Србија и Македонија, кој зборуваше за методологиите за истражување на пазарот.

Марија Ѓорѓевиќ, постар консултант за consumer insights, ги презентира актуелните трендови на потрошувачите, додека Иван Крушковиќ, лидер за опсервација на малопродажните објекти и анализа на асортиманот, зборуваше за потребата од правилно воведување на категори-менаџменотот.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...