Македонија

„Вардар доломит“, „Алма-М“, „Кипер“, „Нептун“ и „Даути“ во првите пет од ТОП 100 компании

08 ное 2019

Стопанската Комора на Северозападна Македонија(СКСЗМ) денеска ги додели наградите за ТОП 100 најголеми, најмоќни и најуспешни компании за 2019 година. 

Станува збор за награди што Комората ги доделува деветта година по ред. Од анализирани 24.000 компании, селекцијата на најуспешните компании е направена во пет категории: според годишен обрт, нето-добивка, број на вработени, поврат на капитал и според инвестиции. 

Ги наградуваме најсилните и најуспешните компании. ТОП 100 е резултат на работата и посветеноста на нашите бизниси кои имаат големо значење за економијата.Членките на Комората лани остварија годишен обрт од околу 763 милиони евра и вработуваа над 8.752 лица или за 590 повеќе од претходната година. Во 2018 година остварија нето профит од 57 милиони евра, односно осум милиони повеќе од 2017 година, и инвестираа 42 милиони евра или за 22 милиона евра повеќе од претходната година. Со овие бројки укажуваме дека имаме капацитети за вградување на најмодерните светски технологии и иновации во нашите капацитети и оти нашите компании успешно работат и се повеќе се интегрираат на глобалните пазари, рече Неби Хоџа, претседател на Комората. 

За водечки ТОП пет компании беа прогласени „Вардар доломит“ на прво место, а потоа следуваат „Алма М“, „Кипер“, „Нептун“ и „Даути комерц“.  

„Гајрет“ од Струга беше прогласена за компанија со најголем пораст во последните три години. „Уника лајф“ беше наградена за успешна компанија раководена од жена, а „Слајс“ за компанија која успешно излезе на нов глобален пазар. 

ТОП 10 компании со најголем годишен обрт се „Гемак трејд“, „Алма-М“, „Адријус“, „Кнауф-Радика“, „ЗСФ-Ком“, „Еуро актива“, „Атлантик“, „Нептун“, „Кипер“ и „Даути Комерц“. 

ТОП 10 компании со најголема нето-добивка се: „Нептун“, „Вардар доломит“, „Пофикс“, „Алма-М“, „Бас Тути Фрути“, „Киппер“, „Атлантик“, „ЗСФ“, „Арбериа-Десигн“ и „Кнауф-Радика“. 

ТОП 10 компании со најмногу вработени се: „Даути Комерц“, „Мај Ппзза“, „Алма-М“, „Еколог“, „Дебарски бањи“, „Кнауф-Радика“, „Вардар доломит“, „Мотиви“, „Кипер маркет“ и „Нептун“. 

ТОП 10 компании по поврат на инвестиции се: „Еммур“, „Е гроуп корпорејшн“, „Земзем“, „Кондри 2010“ „Нетинг“, „Син Ком Пром“, „Екопакинг“, „Ритрон копи“, „Јени-Мармарис“ и „Уни Стил Ком“.

ТОП 10 компании споре реализирани инвестиции се: „Нормак инвестмент“, „Ренова“, „Делфина-Турс“, „Бас Тути Фрути“, „Буши Фашион“, „Арбериа десигн“, „Адријус“, „Норд“, „Феникс 93“ и „Брути-Инг“.  

Дриљон Исени, извршен директор на Комората, изборот Топ 100 го оцени како „душа“ на СКСЗМ.

Промовирањето на претприемништвото е стратешки приоритет на СКСЗМ, а денеска ги претставуваме успешните приказни – нашите претприемачи кои немаат лимити во мислењето и знаат да ги искористат можностите што им се нудат на домашниот и на странските пазари. Тие се на чело на иновативни компании кои се присутни и на глобалниот пазар и сигнализираат  дека треба да се поедностават бирократските постапки и да има рамноравен развој во земјата, рече Исени.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



Сашко и Панде Самарџиоски мнозински сопственици на „Прилепска пиварница“

29 јун 2020

Повеќе награди за граѓаните кои скенираат сметки

29 јун 2020

Се проверуваат 30.000 приговори за домашните платежни картички

29 јун 2020

Поднесени првите барања од мали винарници за регистрација

29 јун 2020

„Кожувчанка“ инвестира во нова производствена линија

29 јун 2020

Пад на индустриското производство на месечно ниво, пораст на годишно

29 јун 2020
Вчитува уште новости...