Македонија

Имаш TOП бренд? Биди MUST HAVE!

01 ное 2019

Добрата компанија знае дека за нејзиниот производ да стане препознатлив и да им се наметне на трговците како задолжителен во асортиманот, тој мора да се гради како бренд. Магазинот InStore ви нуди уникатен начин да ги презентирате своите брендови и да ги поставите на полиците бидејќи се препорачани од најрелевантните трговци во Македонија!  

InStore и оваа година организира избор на 100 ТОП брендови што секоја подобро снабдена продавница треба да ги има на своите полици во 2020 година. Брендовите ќе бидат објавени во специјалното издание „100 MUST HAVE 2019/2020“, што ќе излезе кон крајот на ноември. 

Ова е исклучителна можност да влезете во елитното друштво на 100-те ТОП брендови во Македонија. Ако сметате дека вашиот бренд заслужува да се најде меѓу нив, не чекајте, обезбедете му место навреме!   

Веќе знаете: станува збор за избор на брендови што InStore лани го направи за првпат во Македонија и помина одлично кај трговците. Според нивните позитивни реакции, оваа година очекуваме уште поголем интерес за место во „100 MUST HAVE 2019/2020“. 

Изборот се прави врз основа на телефонска и на теренска анкета што InStore веќе почна да ги спроведува во 50 категории производи. Во специјалното издание ќе има и истражувања за најчесто купуваните македонски и странски брендови, за лојалноста на потрошувачите кон брендовите и други истражувања што за нас ги прават реномирани истражувачки агенции.  

Целта на проектот „100 MUST HAVE“ е да ја олесниме работата на трговците и на производителите/дистрибутерите - кај едните за изборот, кај другите за поставување на нивните производи во малопродажните места низ Македонија. 

Изборот на 100 ТОП брендови е регионален проект на „InStore“. Специјални едиции се издаваат во Хрватска, во Босна и Херцеговина и во Србија. 

Сметате дека Вие треба да сте дел од 100-те ТОП без кои не се може? Тогаш, не ја пропуштајте можноста да влезете во ова елитно друштво!

За повеќе информации за продажбата на огласниот простор, можете да нè контактирате на info@instore.mk; meri@instore.mk или на тел. + 389 (2) 3067 572.  

 




Слична содржина

@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 



Трговците со посебни рафтови „Купувам домашно“ за потрошувачите со платежни картички

26 мај 2020

МОТ и ЕБОР: За сериозниот удар на пандемијата потребна е голема државна интервенција

26 мај 2020

Од денес на кафе по протокол и на дистанца

26 мај 2020

Кредити до 500.000 евра за извоз и преработка на земјоделски производи

26 мај 2020

Нема полициски час од денеска

26 мај 2020

„Филип Морис ТКП“ го лансираше IQOS во земјава

26 мај 2020
Вчитува уште новости...