Македонија

Дрогериите dm први во земјава ги укинуваат пластичните кеси

15 окт 2019

Дрогериите dm во Македонија од понеделник, 21 октомври, целосно ќе ги укинат од продажба пластичните кеси, најави Биљана Миленовиќ, регионален менаџер за продажба, на денешната прес- конференција. 

Таа појасни дека на своите купувачи компанијата ќе им понуди хартиени кеси, повеќекратни пвц кеси или торби од органски памук како долгорочно алтернативно решение. Според неа, со укинување на продажбата на пластичните кеси, dm како прва компанија која презема ваков чекор во земјава, станува пример за одржливо и одговорно однесување кон животната средина.

Пластичните кеси за една употреба се тешко наследство за планетата Земја. Според експертските тврдења, процесот на разградба на овие кеси трае и до повеќе векови. При тоа, оваа пластика не само што ја гледаме како тепих на морињата, истата се разградува на микроскопски честички што се високо загрозувачки за животните и за растенијата, рече Миленковиќ.

Одлуката е дел од општата стратешка насока на dm, во сите сегменти на своето работење да делува општествено одговорно.

Компанијата ги повикува сите купувачи со носење на сопствена повеќекратна торба да дадат свој придонес во зачувувањето на животната средина за идните генерации. Со купување на памучна торба, купувачите добиваат доживотна гаранција во дрогериите на dm, што подразбира дека доколку торбата се оштети и искине, истата ќе може бесплатно да биде заменета во која било dm дрогерија. Во неколку наврати во октомври и ноември купувачите ќе можат да добијат памучна торба од 100 проценти органски памук по цена од еден денар. 

Заменик министерот за животна средина Јани Макрадули, рече дека за овој потег компанијата ја има поддршката од Министерството за животна средина и просторно планирање.

За жал, во нашата држава во процесот на генерирање на стакленички гасови, отпадот е на второ место после индустријата. Ако сакаме да ги намалиме емисиите на стакленички гасови согласно Парискиот договор и согласно барањата од климатските самити, ние мораме да се справиме со изворите на загадување и од овој тип, како што се платични кеси, рече Макрадули.

Министерството за животна средина во консултативен процес доставило предлог-закон за управување со пакување и отпад од пакување, во има амбициозни национални цели: 2021 година Македонија да стигне до 55 отсто на собирање, селекција и рециклирање на отпадот од пакување, а во 2030 да стигне до рециклирање на 50 отсто од пластиката.

Пред два месеци, пластичните кеси ги повлече и дрогеријата dm во Босна и Херцеговина и наместо нив почна да им дава на купувачите платнени торби. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



Отворен нов „Супер Тинекс“ маркет во Тафталиџе

09 јул 2020

„Свисслион“ го презема „Агроплод“ од Ресен

09 јул 2020

Прифатени се 5.000 приговори од средношколци и студенти за платежната картичка

09 јул 2020

Над 130 компании донираа во Солидарниот фонд за борба против Ковид-19

09 јул 2020

ССМ: Сабота и недела да се неработни денови

09 јул 2020

Околу 55.000 работодавачи ја искористија поддршката за исплата на плати

09 јул 2020
Вчитува уште новости...