Македонија

Светозар Jаневски: Не се повлеков од Србија

02 окт 2019

Македонскиот бизнисмен, претседател на Управниот одбор на „Тиквеш“, Светозар Јаневски, по прекинот на соработката со Белградската индустрија за пиво (БИП) не се повлече од Србија. Напротив, очекува дека и натаму ќе работи на српскиот пазар, бидејќи верува во регионот и во регионалната соработка, пренесе српската новинска агенција „Бета“. 

Од ништо не се одрековме, вели Јаневски на прашањето за можна повторна соработка со БИП или за некое друго вложување во Србија, но не сакаше да прецизира какви му се плановите во врска со натамошната работа на српскиот пазар. 

Според него, најголем проблем со кој се соочува регионот е миграцијата на работната сила, па затоа е важно да се најде начин да бидат задржани работниците. Додава дека регионалната соработка најмногу ја кочи затвореноста на секоја земја во рамките на своите граници.

Направивме развој од граница до граница, а во исто време зборуваме за свет без граници и за слободна економија, изјави тој, наведувајќи дека за напредок е клучно да се промени начинот на размислување.

Јаневски како охрабрувачки го оцени неодамнешното отворање на заеднички граничен премин меѓу Србија и Македонија, кој се очекува да го забрза протокот на стоки.

Тој потсети дека земјоделското производство преставува традиција во сите земји од регионот и дека со него сè уште се занимаваат голем број луѓе, поради што во сегашните околности е предизвик да се направат чекори за зголемување на конкурентноста на аграрот, како на државно, така и на регионално ниво.

Јаневски вели дека се залага и за дигитализација во сите сегменти, но смета дека на краток рок ова не е доволно за успех на државите кои својот раст во голема мера го засноваат на земјоделството.Тој очекува претстојниот Самит на економски лидери на регионот, што ќе се одржи во Белград на 4 декември и на кој ќе биде еден од учесниците, дополнително да ја поттикне регионалната соработка, особено во областа на земјоделството.

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



Отворен нов „Супер Тинекс“ маркет во Тафталиџе

09 јул 2020

„Свисслион“ го презема „Агроплод“ од Ресен

09 јул 2020

Прифатени се 5.000 приговори од средношколци и студенти за платежната картичка

09 јул 2020

Над 130 компании донираа во Солидарниот фонд за борба против Ковид-19

09 јул 2020

ССМ: Сабота и недела да се неработни денови

09 јул 2020

Околу 55.000 работодавачи ја искористија поддршката за исплата на плати

09 јул 2020
Вчитува уште новости...