Македонија

Претставништвото на производите HiPP донираше производи за бебиња

16 сеп 2019

Македонското претставништво на производите HiPP донираше пакет производи за сите новороденчиња на кои општина Центар им додели парична помош во рамки на проектот за првична помош на родителите кои се жители на оваа општина. 

Од претставништвото информираа дека зеле учество како општествено одговорна компанија и дека доделиле пакети со дел од нивните производи за сите родители и деца кои беа присутни на настанот. 

Сто семејства од општина Центар добија решенија за остварување на правото за користење еднократна парична помош за новороденче, која изнесува по 7.000 денари. На настанот присуствуваа и претставници на компании и здруженија со кои Општина Центар потпиша меморандум за соработка, а со кој се официјализира придонесот на компаниите во овој општествено одговорен проект.

 




Слична содржина

@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 



Фондот за иновации подели 4,2 милиони евра на 69 домашни компании

20 мај 2020

„Виталиа“ инвестира во еколошки производен објект, нови 50 работни места

20 мај 2020

Стопанската комора избра нов Управен одбор

20 мај 2020

ССМ: Државата да воведе неработна недела за сите работници

20 мај 2020

Платежна картичка за граѓаните и дигитална платформа за извозните компании

20 мај 2020

Македонија дел од посебна истражувачка програма на ЕБОР за мали и средни претпријатија

20 мај 2020
Вчитува уште новости...