Македонија

Имаме најевтин алкохол во цела Европа

12 сеп 2019

Најскап алкохол меѓу сите 28 земји членки на Европска унија плаќаат жителите на Финска, додека најевтин на Бугарија и Романија, покажуваат податоците на Еуростат за 2018 година.

На ниво на цела Европа цената на жесток алкохол, вино и пиво е најниска во Македонија и во Босна и Херцеговина, додека највисока е во Исланд и Норвешка.

Според анализата на Еуростат, во 2018 година просечната цена на алкохолните пијалоци во ЕУ била повеќе од два пати поскапа во најскапите земји членки, споредено со цената во најевтините земји членки.

Кога цените во земјите се споредуваат со средната цена на алкохолните пијалоци во ЕУ со индекс на вредност од 100, резултатите покажуваат дека во 2018 година цената на жесток алкохол, вино и пиво била највисока во Финска со индекс на цена од 182, по што следат Ирска (177) и Шведска (152).

За споредба цената на алкохолните пијалоци во 2018 година биле најниски во Бугарија и Романија, двете со индекс на цени од 74, по што следат Унгарија (77), Чешка (82) и Шпанија (84).

Во земјите од регионот најскап алкохол плаќаат жителите на Грција (132), Црна Гора (105) и Хрватска (100), додека најевтин алкохол има во нашата земја и Босна и Херцеговина (72), по што следат Србија (84), Словенија (92) и Албанија (99).



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...