Македонија

Во јули пораснаа цените на мало и трошоците за живот

08 авг 2019

Трошоците на живот во јули бележат пораст од 0,8 отсто во однос на јули лани, а кај цените на мало пораст од 0,7 отсто, објави Државниот завод за статистика (ДЗС).

Според статистиката, трошоците на живот во јули 2019 година, во однос на претходниот месец, имаат пораст од 0,2 отсто, а индексот на цените на мало од 1,1 отсто.

Пораст на индексот на трошоците на животот во јули 2019 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 4,8 отсто, маслото и маснотиите за 2,1 отсто, лебот и житата за 1,7 отсто, другите млечни производи за 0,6 отсто, житата за 0,4 отсто, сирењето и урдата, сувото овошје и јаткастите производи за 0,3 отсто, месото, свежата и разладената риба, шеќерот, џемот, медот и кондиторските производи, другите прехранбени производи за 0,2 отсто.

Намалување на индексите на трошоците на животот во јули 2019 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 7 отсто, другите пекарски производи за 0,3 отсто и јајцата за 0,2 отсто.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



Отворен нов „Супер Тинекс“ маркет во Тафталиџе

09 јул 2020

„Свисслион“ го презема „Агроплод“ од Ресен

09 јул 2020

Прифатени се 5.000 приговори од средношколци и студенти за платежната картичка

09 јул 2020

Над 130 компании донираа во Солидарниот фонд за борба против Ковид-19

09 јул 2020

ССМ: Сабота и недела да се неработни денови

09 јул 2020

Околу 55.000 работодавачи ја искористија поддршката за исплата на плати

09 јул 2020
Вчитува уште новости...