Македонија

Растат цените во трговијата на мало

19 јул 2019

Зголемени се продажните цени во трговијата на мало во вториот во однос на првиот квартал годинава, а се очекува нивно зголемување и во наредните три месеци. Eкономската состојба на фирмите од овој сектор во вториот квартал во однос на првиот квартал годинава е понеповолна, а e поповолна во однос на вториот квартал лани.

Такви оценки изнеле раководителите на фирмите од трговијата на мало кои очекуваат понеповолна состојба и во следните два квартала.

Како што објави  Државниот завод за статистика, оценката за очекуваните порачки за наредниот период е дека ќе се намалат, а ќе се намали и бројот на вработените.

Количеството на залихите е на еднакво ниво како и во претходното тримесечје. Финансиската состојба во второто тримесечје од 2019 година е поповолна во однос на претходното од 2019 година.

Индикаторот на доверба во трговијата на мало во второто тримесечје од 2019 година е за 0,2 процентни поени понизок во однос на претходното тримесечје, а e зголемен за 0,4 процентни поени во однос на истото тримесечје од минатата година.

Најголемо влијание врз ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на вториот квартал годинава имале: недостигот на обучен кадар со 21 процент, слабата побарувачка од купувачите со 20,2  процента, зголемени трошоци за труд со 18,4 проценти и зголемената конкуренција на пазарот со 16,8 проценти.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...