Македонија

Растат трошоците за живот во однос на минатата година

09 јул 2019

Индексот на трошоците на животот во јуни 2019 година, во споредба со јуни 2018 година, бележи пораст од 0.3 %, а индексот на цените на мало е на исто ниво како и минатиот месец.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во јуни 2019 година, во однос на претходниот месец, изнесува 98.9, а индексот на цените на мало 99.3.

Намалување на индексите на трошоците на животот во јуни 2019 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 20.3 %, трбушките за 0.5 %, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.3 %, рибата и морските плодови, сирењето и урдата, другите млечни производи за 0.2 %.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 3.5 %, течните горива за домаќинствата за 2.4 %, средствата за чистење и одржување на станот за 1.7 %, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 1.5 %, гасот за домаќинствата за 1.4 %, градините, растенијата и цвеќињата за 1.0 %, теписите и другите покривки за под за 0.9 %, информатичката опрема за 0.8 %, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема, игрите, играчките и хобијата за 0.4 %, малите електрични апарати за домаќинствата, домашните миленици и сродни производи за 0.3 %.Пораст на индексот на трошоците на животот во јуни 2019 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 3.9 %, другите пекарски производи за 0.7 %, лебот и житата, месото, сушеното, соленото и чаденото месо, сувото овошје и јаткастите производи за 0.4 %, млекото, јогуртот, јајцата за 0.3 %, маслото и маснотиите, алкохолните пијалаци за 0.2 %.

Во јуни 2019 година, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан исто така и кај туристичките аранжмани за 3.8 %, авионскиот превоз на патници за 3.1 %, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 1.5 %, патниот сообраќај за 0.9 %, автомобилите за 0.8 %, услугите за сместување за 0.7 %, другите медицински производи за 0.6 %, големите електрични апарати за домаќинствата, дисковите, касетите, дискетите, ЦД-ромовите, филмовите за 0.3 %, обувките, телефонските и телефакс-апарати и телефонските и телефакс-услуги за 0.2 %.

Индексот на трошоците на животот во јуни 2019 година, во споредба со јуни 2018 година, бележи пораст од 0.3 %, а индексот на цените на мало е на исто ниво како и минатиот месец.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...