Македонија

„Тиквеш“ ги претстави првите четири вина произведени на сопствениот посед во Франција

10 јун 2019

Винарската визба „Тиквеш“ ги донесе на македонскиот пазар првите четири вина произведени во француската винарница „Château de Gourdon“, која од ноември 2018-та година е дел од „Тиквеш“. Тоа се премиум вината: Fontaine du Sud (бело), Mistral au Jardin (розе) и Vase de Pierre (црвено), како и белото ‘icon’ вино Terrasse au Soleil.

Овие четири вина се дел од целосно обновеното портфолио на винарницата „Château de Gourdon“ кое го сочинуваат вкупно седум вина. Планирано е останатите три вина од ова портфолио да пристигнат на домашниот пазар до крајот на годинава.

Верувам дека со овие вина, кои гордо можеме да ги наречеме – француски, а наши – сме чекор поблиску до остварувањето на нашата стратешка цел, да го внесеме „Тиквеш“ во групата водечки производители на вино во светот и да ја зголемиме продажбата на интернационалните пазари, изјави претседателот на управниот одбор на „Тиквеш“, Светозар Јаневски

Овие вина се со заштитено географско потекло, се произведуваат во ограничени количини и имаат уникатен карактер кој ги отсликува дистинктивните карактеристики на самиот локалитет.

Поседот „Château de Gourdon“ е сместен во јужниот дел од долината на реката Рона во Франција. Првите лозови насади на оваа локација биле подигнати уште во 1870 година, а денес се простираат на 50 хектари, во ридест предел. 




Слична содржина

@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 



(ФОТО) Почнаа редиците пред маркетите

02 јун 2020

Новитет од „Бимилк“ – сладолед со 10 витамини

02 јун 2020

ОРМ: Дури 40.000 работни места се наоѓаат во непосреден ризик

02 јун 2020

Oсмани предлага ковид-координатори во компаниите и во институциите

02 јун 2020

Почна дистрибуцијата на пакети, донација од „Империал тобако ТКС“

02 јун 2020

За два дена 27.100 барања за финансиска поддршка за мај

02 јун 2020
Вчитува уште новости...