Новиот супермаркет СТЦ во селото Опае ги отвори вратите за потрошувачите на 31 мај.
Продажниот објект се простира на површина од 650 квадратни метри, а пред него има простран паркинг од 800 квадратни метри. Персоналот на новиот СТЦ го сочинува тим од 12 луѓе, а купувачите може да се услужуваат на две наплатни каси.
Асортиманот, кој се состои од околу 6.000 артикли, опфаќа голем број прехранбени производи и пијалаци, свежо овошје и зеленчук, средства за чистење, садови за домаќинството, играчки, школски прибор итн.
Новиот супермаркет, кој е на едно ниво, е еден од најдобро опремените продажни објекти на трговецот, со модерен ентериер, уреден според светските трендови. Супермаркетот во Опае е четврти во трговската мрежа на СТЦ, која почна со работа во 2012 година. Два од маркетите се лоцирани во Куманово, а еден е во селото Черкези. Од менаџментот на СТЦ за InStore откриваат дека планираат отворање на нов маркет, кој ќе биде на некоја добра локација во Куманово.