Македонија

Нов „Стокомак“ во Неготино

06 мај 2019

Од 10 април продажната мрежа на „Стокомак“ е побогата за уште еден нов маркет, лоциран на улицата Маршал Тито во Неготино, на влезот од градот.

Новиот „Стокомак“ се протега на вкупна површина од 380 квадратни метри. Асортиманот го сочинуваат околу 1.000 редовни производи, од кои дел се од сопствената трговска марка, а дел се локални и странски брендови. Потрошувачите можат да се услужуваат на три наплатни каси, а персоналот во маркетот го сочинуваат седум вработени.

Во насока на целосна сатисфакција на купувачите и комплетирање на нивната потрошувачка кошница, новитет се алкохолните пијалаци по најисплатливи цени, изјавија за InStore од „Стокомак“.

Новиот дисконт е со модерен дизајн и овозможува прегледен простор за купувачите, а пред објектот е обезбеден и паркинг-простор.