Македонија

Македонците лани потрошиле 133,7 милиони евра преку интернет

01 апр 2019

Македонците лани  потрошиле вкупно 133,7 милиони евра онлајн. 

Тоа е за 23,8 милиони, односно 17,8 отсто повеќе во споредба со потрошеното во 2017 година.

Претежно се купувало од странски веб страници, покажува анализата на Македонската асоцијација за е-трговија. Околу 64 отсто од вредноста на трансакциите преку платежните картички биле реализирани во странство, а останатиот дел за трговци од домашниот е-пазар.

Бројот на трансакции реализирани во 2018 година во однос на места на продажба во Македонија, бележи раст од 132 отсто. Реализирани биле вкупно 120.291 трансакција или изразено во пари, вкупно 5,4 милиони евра се влеале во земјава преку онлајн купување од странски земји.

Според статистиката на Народната банка лани биле реализирани вкупно 5.435.285 онлајн трансакции, односно 21 отсто повеќе од 2017 година.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...