Работење

Антонио Зрилиќ: Мерка за управување на залихите

25 дек 2019

Почнавме со приказната за детектирање на некурентните залихи и како да управуваме со нив. Продолжуваме со тоа како да се мерат овие резерви со акцент на коефициентот на обрти како мерка за одредување на (не)курентните залихи

Автор: Антонио Зрилиќ, „Логико“ 

Општо земено, коефициентот на обрти (eng. turnover ratio) е еден од показателите на ефикасноста со која претпријатието ги користи своите средства, покажува колку пати во одреден период има обрт на одредени видови средства во претпријатието. Може да се смета за вкупни деловни средства или за обртни средства (во што спаѓаат и залихите).

Коефициентот на обртни средства се добива така што вредноста на реализација се дели со просечно користените обртни средства во текот на деловната година. Освен овие општи коефициенти на обрти, се користат и парцијални, т.е. коефициенти со кои се искажува обртот за одредени видови обртни средства (во нашиот случај - залихите). Поголемиот коефициент на обрти значи побрзи обртни средства во претпријатието (можен е ист обем на работење да се финансира со помал износ на обртни средства) и по правило позитивно влијаат врз зголемувањето на ефикасноста на претпријатието.

Коефициентот на обрти треба да се испитува во секоја фаза на работење. Со оглед на тоа што огромен дел од обртните средства се „заробени“ во залихите, коефициентот на обрти на залихите треба постојано да се држи под контрола. За тој да биде под контрола, треба да работи (и да се повторува) планот во три чекори од претходното продолжение: Да се одредат критериумите за некурентни залихи, анализа на „slow-mowers“ и редовно решавање и отпис.

Како се пресметува коефициентот на обрти на залихитете?

Годишен излез на стока (количествен промет)

Просечни годишни залихи (количински)

                                 

 

Коефициент на обрти =

на залихите 

 

 

Годишен трошок на набавената стока

Просечна вредност на залихите

 

Коефициент на обрти =

 на залихите

 

 

365 дена

Коефициенти на обрти на залихите

 

 

Денови на врзување =

на залихите 

 

 

Висок коефициент на обрти

Коефициентот на обрти како мерка за управување на залихите има свои предности и недостатоци. Предностите на високиот коефициент на обрти на залихите се уочливи, главно кога ќе се запознаеме со нив, но вреди секогаш да се споменат:

  • Помала инвестиција во залихите - помало финансиско оптоварување, помали трошоци за камата, осигурување, простори и други варијабилни трошоци врзани за залихите;
  • Посвежи (понови) залихи - во составот на високиот коефициент на залихи производите што се наоѓаат во складиштето се секогаш свежи;
  • Помала стапка на расипување на стоката - колку се посвежи и понови производите, толку помалку се расипуваат и има помали трошоци за тоа (отпис, згрижување, дополнителна манипулација и сл.);
  • Помал ризик од застарување - без оглед што во некои случаи не се работи за прехрана, во некои гранки на индустријата, како што се информатиката и електрониката, животниот век на производите е многу краток (од 1 до 2 месеца, а и пократко). Доколку имаме висока стапка на обрти на такви производи и на нивните залихи, ризикот од застарување ќе биде помал.

Општо, се зема дека високиот коефициент на обрти на залихите е посакуван, а вообичаените пристапи за негово зголемување се:

  • Отстранување на вишокот материјал;
  • Редуцирање на производи со забавени обрти;
  • Концентрација на контролата на залихи на производи со поголем промет.

Меѓутоа, пред да одредиме дека целта на нашето работење е високиот коефициент на обрти, може да се запознаеме со предностите, кои веќе ги наведовме, но и со неговите недостатоци. Да, добро прочитавте - и недостатоците. Се прашувате како високиот обрт на залихите може да биде лош? Добро знаеме дека претерувањето во што било што е добро (физичка активност, лекови и сл.) не е секогаш добро и дека во сите работи треба да се биде умерен и избалансиран. Коефициентот на обрти на залихите го зема предвид финансискиот аспект, но го занемарува оперативниот аспект на работењето. Преголем акцент на коефициентот на обрти може да доведе до проблеми, како што се несоодветни залихи, изгубена продажба и поголеми трошоци за производство.

Кои се недостатоците на високиот коефициент на обрти:

  • Изгубена продажба - како високиот коефициент на обрти може да доведе до изгубена продажба? Да се потсетиме на еден од претходните текстови објавени во InStore во кој пишував за структурата на залихите што лежат во складиштето. Рековме дека постојат A, B и C категории на залихи и дека без оглед на тоа што производите А се многу важни, а С се најмалку важни, сепак мора, мора да ги имате сите три. Ако ги редуцирате производите со побавни обрти за да го зголемите коефициентот, некои купувачи нема да можат да ги набават производите. Тие производи се продавале побавно, но сепак се продавале и нивната продажба ќе биде изгубена.
  • Изгубени купувачи - купувачите  што ги купувале побавнообртните С производи наскоро ќе увидат дека нивниот недостаток не е привремен, ниту случаен, па едноставно ќе се ги побараат кај други доставувачи што ги имаат тие производи. Тие купувачи ќе бидат изгубени.
  • Изгубени количински рабати - со оглед на средниот и долгиот рок на продажното количество на изгубените производи, нема да може да сметате ниту на дел од количинските рабати што биле врзани за таа стока. На овој начин количинските рабати ќе бидат изгубени.
  • Поголеми транспортни трошоци по единица - ако нарачувате почесто во помали количества за да го зголемите коефициентот на обрти, ќе ги зголемите трошоците за транспорт по единица производ;
  • Поголеми трошоци по единица за набавка - од истата причина како и во претходната точка ќе се зголемат трошоците за набавка на производите по единица.

Замка во пресметките

Треба да се води сметка за уште еден „детаљ“ поврзан со математиката за пресметување на коефициентите на обрти. Кога коефициентот се пресметува автоматски во големи табели и со голем број шифри, лесно може да се случи да не забележиме дека зад математички високиот коефициент всушност стои малата продажба. Така, на пример, ако продажбата била само во два месеца (март и април) во годината, и тоа по 4 парчиња и залихи се појавуваат само во тие месеци, математиката ќе покаже дека продажбата била 8 парчиња годишно и залихата во просек била под нулата (на пр., 0,4). Пресметката ќе каже дека коефициентот = 8/0,4 = 20. Тоа е многу висок коефициент и ако не гледаме внимателно, овој производ ќе отиде во збирот на силно обртните производи, што во реалност не е така. Затоа внимателно со коефициентот на обрти.