Одржани

(ФОТО) Многу интеракција и практични знаења по работилницата со Дарко Лукиќ

11 ное 2019

Со многу позитивни впечатоци заврши работилницата за КА-менаџмент со предавачот Дарко Лукиќ, што во организација на InStore се одржа во четвртокот и во петокот минатата недела. 

На обуката присуствуваа дваесетина претставници на повеќе македонски компании, меѓу кои професионалци за продажба, КА менаџери и менаџери за продажба. Тие споделија со нас дека интеракцијата и многуте практични примери, што можат да ги применат во својата секојдневна работа, е тоа што најмногу ќе им користи по оваа работилница.  

Најинтересно беше презентирањето на тренерот и интерактивното учество. Можам да ги применам моделите на преговарање, корисно е зголемување и унапредување на знаењето, вели Александар Тодоровски од „Орбико“.  

За Игор Трпковски од „Сити вендинг“ најкорисни биле техниките на продажба.  

Практичниот дел беше многу добро организиран. Сите техники и стратегии за преговарачкиот процес кои се прилично нови за мене, и со сигурност ќе бидат применети, вели Жарко Смоковски од „Еуро дистрибуција“.

Следната работилница со Лукиќ е за бренд-менаџмент. Наменерта е за бренд-менаџери, сениор бренд-менаџери и маркетинг-менаџери.

Работилницата за бренд-менаџмент ќе се одржи на 14 и 15 ноември (овој четврток и петок). Местата се многу ограничени и брзо се пополнуваат, затоа искористете ги следните три дена за да го обезбедите вашето учество навреме! Повеќе детали за оваа работилница можете да видите тука. 

Пријавете се уште веднаш! 

 

 

 

 




Слична содржина

@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.