Одржани

(ФОТО) Бренд-менаџери од големите компании задоволни по работилницата со Лукиќ

04 апр 2019

Успешно заврши работилницата за бренд-менаџмент во соработка со предавачот Дарко Лукиќ, организирана од страна на тимот на магазинот InStore.

Активна и позитивна работна атмосфера владееше за време на работилницата која траеше два дена, а се одржа на 21 и 22 март во Скопје.

Предавачот Дарко Лукиќ кој е консултант и поранешен регионален директор за маркетинг на „Хенкел“, по третпат го пренесе своето знаење и искуство од маркетинг-бизнисот на нашите драги менаџери.

Концизноста, енергичноста, знаењето и податоците со кои располага Дарко прави овие обуки да бидат исполнети со многу активност и знаење.

Јасни, прецизни и добро осмислени презентации, збогатени со практични вежби и конкретни примери е формулата за нашите одлични работилници.

Најголемо задоволство ни причинува што учесниците секојпат се во сè поголем број, и се многу задоволни.

Во анкетата што ја спроведовме на последната работилница, менаџерите од македонските компании кои учествуваа изразија огромно задоволство од предавачот и од целосната организација на обуката. Тие истакнаа дека едвај ја чекаат следната работилница која ќе понуди нови интересни теми.

Учесниците едногласно порачаа дека овие работилници се место каде што можат да разменат искуства со колеги од својот сектор од други успешни македонски компании. Од друга страна имаат можност да се сретнат со експерти од многу области, и дека со учеството на оваа работилница добиле поттикнувачки идеи кои ги мотивираат за унапредување на својата кариера.

На сите учесници им беше доделен сертификат за успешно завршена обука за бренд-менаџмент.

Поттикнати од позитивните коментари, тимот на InStore продолжува со организирање на нови работилници.

Ви ја најавуваме следната работилница која ќе се одржи на 18 и 19 април во „Јавна соба“. Повторно предавач е веќе докажаниот Дарко Лукиќ, а темата е:

Дигитален маркетинг за бренд-менаџери“

Што сѐ треба да добиете од вашите дигитални маркетери?

Оваа обука е наменета за сите бренд-менаџери и маркетинг-менаџери, на која ќе дознаат сè за дигиталните трендови. Дигиталниот маркетинг полека зема сè поголем замав во светот на бизнисот. Запознајте ги најважните алатки на дигиталната аналитика и научете како поефикасно да комуницирате со специјалистите за дигитален маркетинг. Дознајте и што да побарате од нив и совладајте ги најважните принципи и комуникациски канали на дигиталниот маркетинг и дигиталното огласување.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...