Одржани

Мотивација и тимска работа во КА-менаџментот

15 фев 2018

На 30 и 31 мај, во организација на магазинот InStore, ќе се одржи дводневната работилница „Мотивација и тимска работа во КА-менаџментот", наменета за сениор и јуниор КА-менаџери, која ќе ја води Гордана Кадоиќ.

ЦЕЛ НА РАБОТИЛНИЦАТА

  • Да научите како изгледа моделот на тимот, низ кои фази минува и кои се улогите;
  • Низ специфични примери од праксата ќе добиете знаење за начинот на работа и за заедничките карактеристики на врвните тимови;
  • Ќе знаете да препознаете по што се разликуваат успешните од помалку успешните тимови;
  • Ќе откриете зошто KA (key account) тимот е темелна вредност на секоја организација;
  • Ќе научите како да бидете исклучителен тим- ски играч во рамки на КА тимот;
  • Низ практична работилница ќе научите зошто е важна различноста во тимот;
  • Ќе станете свесни за тоа што сите нас нè мотивира;
  • Ќе ја спознаете важноста на мотивацијата и самомотивацијата;
  • Ќе научите што е надворешна, а што внатрешна мотивација;
  • Со креативната техника „Points of You" ќе го доживеете ефектот на мотивацијата и тимската работа од ваша гледна точка.

МОТИВАЦИЈА И ТИМСКА РАБОТА ВО КА МЕНАЏМЕНТОТ

ДЕН 1: Тимска работа

  • Што значи тимот за мене, каков сум како член на тимот, какви се моите колеги;
  • Модели на градење на тимот;
  • Динамика на развој на КА тимот;
  • Улоги во КА тимот и како да се носите со нив;
  • Карактеристики на успешните КА тимови;
  • Практична работилница за различностите во рамки на тимот – Де Боно (6 шапки);
  • Креативната техника Points of You – фацилитација преку тимска работа.

ДЕН 2: Мотивација

  • Основни принципи на мотивација и самомотивација во тимско опкружување;
  • Мотиватори и демотиватори;
  • Откривање на сопствените извори на внатрешна мотивација – какво е влијанието на мене;
  • Како да се придвижат колегите во тимот;
  • Креативноста како компетенција;
  • Практична работилница со креативната техника „Points of You" на тема: мотивација.

ЗА ПРЕДАВАЧОТ:

Гордана Кадоиќ, тренер, м-р по економија

Експерт за менаџмент на компаниите, продажните тимови и поединците. Кариерата ја има почнато пред 20 години и оттогаш е врзана за сите форми на продажба, искачувајќи се по менаџерските скалила на многу хрватски и меѓународни компании.

По речиси 10 години одлични резултати во најголемата дистрибутивна куќа во Југоисточна Европа, „Орбико", преминува во други дистрибутивни куќи, ја презема улогата на директорка за набавка и за продажба и станува познат преговарач во FMCG-индустријата.

Позицијата извршна директорка во мултинационалната козметичка компанија „Орифлејм" ја презема на 40 години, како врв на менаџерската кариера, каде што од топ менаџерската позиција го презема и најголемиот предизвик во кариерата, да направи пресврт на негативниот тренд на работењето и, заедно со својот тим, за неполни три години, непрофитабилното работење го претвора во профитабилно со сите растечки KPI.

Станувајќи синоним за продажба и експерт за развој на продажбата и на продажните тимови, основа своја сопствена компанија „Adria Corporate Education" и денес работи како деловен советник за развој на работењето со посебен акцент на продажбата, корпоративен тренер, ментор и коуч.

Носителка е на првата диплома на Школата за тренери на „Elevate" и членка на EMCC (European mentoring and coaching council). Членка е на бизнис-групата на Меѓународниот клуб на жени на Загреб, активна членка е на претприемничката мрежа „Women in Adria" и ментор и тренер на CEED на глобално ниво.

Одржала повеќе од 100 едукации, тренинзи, работилници и семинари во регионот.

Чест гостин е на конференции во регионот, меѓу кои и на FMCG-самитите на магазинот InStore и учествува на различни панел дискусии на тема продажба и менаџмент.

КОТИЗАЦИИ:

1 лице – 230 евра

2 лица од компанија – 220 евра по лице

3 лица од компанија – 210 евра по лице

4 и повеќе лица од компанија – 200 евра по лице

(Цените се без ДДВ)

Во котизацијата се вклучени:

  • 2 паузи за кафе;
  • Ручек;
  • Материјали за работилниците во печатена и во електронска форма;
  • Сертификат за успешно завршена работилница.

tags:


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...