Свет

„Алди“ и „Мекдоналдс“ постигнаа договор за распределба на работници

29 мар 2020

Германскиот трговец „Алди“ и „Мекдоналдс“ соопштија дека се договорија за распределба на одреден број работници од синџирот ресторани за брза храна во продажните објекти на германскиот дисконтер.

Откако рестораните низ светот мораа да ги затворат вратите поради вирусот корона, троговците „Алди норд“ и „Алди сид“ им излегоа во пресрет на работниците и им обезбедија вработување во нивните малопродажни објекти. Како што наведуваат во соопштението двете компании, работниците на „Мекдоналдс“ можат да работат во „Алди“ колку што е потребно, а потоа да се вратат на своето работно место во „Мекдоналдс“.

Николас де Лопе, потпарол на компанијата „Алди норд“ изјави: Специфичните времиња бараат специфични решенија. Ваквата соработка за „Алди“ е нешто посебно, а тоа претходно се нема случено. Уверени сме дека со ваков вид на соработка може да се надмине кризата која ни се случи.

Извршниот директор на „Мекдоналдс“ Холгер Бек во Германија истакна дека ова е добитна комбинација и дека нивните работници можат да заработат пари во време на криза.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...