Свет

„Вернер & Мерц“ го зајакнува производството на средства за дезинфекција

26 мар 2020

„Вернер & Мерц“ го соопшти официјалниот став на компанијата во врска со новонастанатата ситуација во светот и моли за разбирање во иднина.

Од компанијата порачаа соработниците да имаат разбирање за некои одложувања кои се случија или ќе се случат во иднина, во овој период.

Како што соопштуваат од компанијата „Вернер & Мерц“ произведува средства кои можат да помогнат во намалување на ризикот од инфекции. Меѓу нив се и нивните средства за чистење површини, кои спречуваат пренос на инфекции со бришење на површината.

Еден сме од најважните европски производители на сапуни за реце. Исто така, имаме и свое професионално одделение кое произведува средства за дезинфекција кои се неопходни во болниците, лекарските ординации, домовите за стари. Накратко, со нашите производи можеме да ги помогнеме и да ги поддржиме напорите во Европа за намалување на последиците од пандемијата. Во овој момент, токму тоа е нашиот главен приоритет, во целост одвоен од каква било финансиска корист, порачуваат од компанијата.

Од компанијата истакнаа дека Управата одлучи да се даде предност на производството на средства за дезинфекција и да се запре производството на производи кои во овој период не се потребни, како што е средството за чистење стакло Bio-spirit.

Сакаме да вградиме чувство на гордост во своите колеги, нивната работа е исклучително вредна во овие критички времиња. Работејќи секојдневно тие можат да направат добро, сега повеќе од кога било.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...