Свет

Едно шише средство за дезинфекција за 5,36 евра – две за 134 евра

25 мар 2020

Супермаркетот „Ротунден“ од Данска смисли генијална идеја за да го запре прекумерното купување средства за дезинфекција.

Додека луѓето купуваат средства за дезинфекција на рацете на големо, манаџментот на овој супермаркет одлучил хуманоста да ја стави пред профитот од продажбата. Со цел овој производ да биде подостапен за колку што е можно повеќе луѓе, маркетот сега продава едно шише средство за дезинфекција за 5,36 евра, додека две шишиња од истото средство изнесуваат дури 134 евра.

Имаме голема одговорност да го одржуваме функционирањето на бизнисот, а тоа можеме да го направиме само со ваша помош и ваше разбирање, објави трговецот на фејсбук-страницата Rotunden - Hellerup Foodmarket, при што ги наведува начините на кои купувачите може да помогнат.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...