Свет

„Амазон“ им нуди работа на работниците од затворените ресторани

24 мар 2020
Џеф Безос, извршен директор на „Амазон“, им понуди на работниците од затворените ресторани и барови во САД да почнат да работат за „Амазон“. 
 
Неговата компанија во моментов се соочува со зголемени нарачки поради пандемијата со коронавирусот. Безос изјави дека ќе вработи нови 100.000 работници, како и дека ќе ја зголеми висината на исплатата за час/работа за работниците кои помагаат муштериите да ги добијат своите производи. 
 
„Амазон“ е затрупан со нарачки откако вирусот почна да се шири во САД. Истовремено, најголем дел од баровите и рестораните беа принудени да затворат. 
 
Се надеваме дека некои луѓе кои мораа привремено да ги напуштат своите работни места ќе дојдат да работат кај нас додека не се вратат на работа, изјави Безос. 
 
Тој додаде дека неговата компанија презема низа безбедносни и здравствени мерки како заштита на работниците од вирусот. 
 
 



Слична содржина

@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.