Свет

Полски „Алегро“ е меѓу најпосетените интернет продавници

13 фев 2020

Полскиот интернет трговец „Алегро“ се искачи меѓу првите десет интернет страници за онлајн трговија. 

Во јануари, неговата интернет страница ја посетија 194 милиони потенцијални купувачи. 

Од порталот соопштија дека рангирањето на бројот на посети на страницата се прави врз основа на месечни активности. 

Годишно, Полјаците преку интернет трошат по околу 11,75 милијарди евра.