Свет

„Нестле“ вложува 2 милијарди франци во еколошка амбалажа

16 јан 2020

„Нестле“ ќе инвестира две милијарди швајцарски франци во натамошно развивање на еколошки решенија во прехранбената индустрија, со цел да се зголеми употребата на рециклирана пластика и да се забрза развојот на иновативно одржливо пакување.

Надоврзувајќи се на ветувањето од 2018 година дека 100% од амбалажата ќе биде од материјал кој ќе може повторно да се искористи или да се рециклира, компанијата најави дека ќе ја намали употребата на пластика за една третина во истиот период, истовремено придонесувајќи за отстранување на пластичниот отпад од океаните, езерата и реките.
        
Повеќето пластики што се достапни денес тешко се рециклираат за да бидат безбедни за повторна употреба во прехранбената индустрија, што значително ја ограничува количината на материјали што ни се достапни. Се обврзавме да обезбедиме до 2 милиони тони рециклирана пластика што може да се користи во прехранбената индустрија, соопштија од компанијата.

Марк Шнајдер, извршен директор на „Нестле“, ги покани сите компании да им се придружат „на ова патување“.
        
Ниту едно парче пластика не смее да заврши на депонии или како отпад. Обезбедувањето рециклирана пластика безбедна за прехранбената индустрија е огромен предизвик за нашата индустрија. Затоа, покрај намалувањето на употребата на пластика, наша цел е да го затвориме кругот и да користиме пластична амбалажа која ќе биде погодна за бесконечно рециклирање. Проширувањето на пазарот за вакви материјали и поттикнување на иновации во индустријата за пакување храна е нашата мисија, рече Шнајдер. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...