Свет

„Линдт“ оствари добри резултати во Европа

15 јан 2020

Швајцарскиот производител на чоколадо „Линдт“ соопшти дека постигна солиден раст на приходите во 2019 година, благодарејќи на добрите резултати во Европа. 

Минатата година, приходите на компанијата пораснаа за 6,1 отсто. Вкупните приходи се зголемени за 4,5 отсто, на 4,51 милијарди швајцарски франци. 

На најголемиот пазар на „Линдт“, во Европа, продажбата порасна за 6,2 отсто. Предводници се Германија, Австрија и Велика Британија. 

На пазарот во Северна Америка растот беше 5,4 отсто и е нешто послаб во споредба со првата половина од 2019 година. 

 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...