Свет

„Лидл“ тестира електронски етикети на полиците

14 јан 2020

Дисконтерот „Лидл“ тестира нови електронски етикети на полиците на своите продавници во Германија, Франција, Швајцарија, Бугарија и Литванија. 

Етикетите првично се поставени во одделите за овошје и зеленчук и на производите на промоција, бидејќи цените на овие производи многу често се менуваат. 

Целта е да се овозможи побрза услуга и побрза испорака на стока. Исто така, користењето електронски етикети значително може да заштеди материјални ресурси, бидејќи овој начин на обележување и многу поевтин од стандардниот начин, соопштија од компанијата. 

Цените од електронските етикети се поврзани со главниот систем, од каде на едноставен начин можат да се модифицираат или да се дополнат со дополнителни називи на брендови, количина и содржина. Освен тоа, купувачите можат да користат паметни телефони и со помош на QR код да дознаат повеќе информации за бараните производи. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



„Волмарт“ ќе ги зголеми платите на вработените

18 сеп 2020

Газдата на „Амазон“ отвори бесплатно училиште за сиромашни деца

18 сеп 2020

Седиштето на „Унилевер“ се сели во Лондон

18 сеп 2020

Шведска ќе вбризга 12 милијарди долари во бизнисот

18 сеп 2020

Сопственик на синџир маркети е најбогатиот човек во Германија

18 сеп 2020

„Амазон прајм“ сега е достапен и во Турција

18 сеп 2020
Вчитува уште новости...