Свет

„Џенерал Милс“ го намалува натриумот во производите

10 дек 2019

Американската компанија „Џенерал Милс“ објави дека планира да го намали количеството натриум најмалку во една петтина од производите во 10 клучни категории.

Прехранбениот гигант ќе го намали натриумот во житарките, смрзнатите пијалаци, мексиканските готови јадења, смрзнатите печива, грицките, конзервираниот зеленчук, супите и во миксовите за печење.

Освен отстранувањето на натриумот од одредени категории производи, одделни линии ќе бидат збогатени со житарки од цело зрно, влакна, витамини и минерали. Од компанијата истакнуваат дека новите вкусови можеби нема многу да им се допаднат на сите потрошувачи.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...