Свет

ФАО: Највисоки цени на храната во последните 26 месеци

06 дек 2019

Извор: www.fao.org

Индексот на цените на храната* во ноември годинава во просек изнесуваше 177,2 поени, што претставува пораст за 2,7% во споредба со октомври и за 9,5% во споредба со ноември минатата година. Ноемврискиот пораст, предизвикан од значителните зголемувања на цените на месото и на растителните масла, го издигна индексот на највисоко ниво од септември 2017 годин

  • Индексот на цените на житните култури во просек изнесуваше 162,4 поени во ноември годинава, за 1,2% понизок во споредба со октомври. На меѓународните цени на пченицата влијаеја големите извозни резерви и острата конкуренција меѓу водечките извозници, а вредноста на оризот се намали и го достигна најниското шестмесечно ниво.
  • Во ноември годинава индексот на цените на растителните масла во просек изнесуваше 150,6 поени, што претставува пораст за високи 10,4 % на месечно ниво. Ова е највисоко ниво на цените на маслата од мај 2018 година.
  • Минатиот месец индексот на цените на млекото и на млечните производи во просек изнесуваше 192,6 поени, регистрирајќи маргинален пораст во споредба со октомври, по двомесечниот пад. На ова ниво индексот е за 9,5% повисок во споредба со ланскиот ноември.
  • Индексот на цените на месото* во просек изнесуваше 190,5 поени во ноември годинава, повисок за 4,6% во споредба со ревидираната вредност за октомври. Ова е најголемиот месечен пораст од мај 2009 година. На ова ниво индексот е за 17,2% повисок од неговата вредност пред една година, но сепак за 9,4% понизок од максимумот во август 2014 година.
  • Ноемврискиот индекс на цените на шеќерот во просек изнесуваше 181,6 поен, за 1,8% повисок од октомврискиот. Последното зголемување на цените на шеќерот се појави поради индикациите дека светската потрошувачка ќе го надмине производството од сезоната 2019/2020 година.

* За разлика од другите групи, поголемиот дел од цените што се користат за пресметка на индексот на цените на месото не се достапни кога се пресметува и се објавува овој извештај. Вредноста на индексот на цените на месото е изведена од комбинација на проектираните и забележаните цени.

Индексот на цените на храната на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО) ја мери месечната промена на меѓународните цени на потрошувачката кошница. Тој се состои од просекот на индексите на цените на петте групи прехранбени производи, пондерирани со просечните извозни удели на секоја од групите.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...