Свет

„Унилевер“ и „Хенкел“ се заинтересирани за брендовите на „Коти“

06 дек 2019

„Унилевер“ и „Хенкел“ се заинтересирани за купување на брендовите Wella и OPI од американската групација „Коти“.

Според пишувањата на ЕСМ, „Коти“ е во проблеми поради големиот долг и се обидува да се ослободи од дел од брендовите што му предизвикуваат загуби.

Се очекува американската компанија да го продаде целокупниот асортиман на производи за професионална нега, од кој најпознати се линијата за нега на коса Wella и брендот за нега на нокти OPI.

Аналитичарите проценуваат дека вредноста на продажбата на сите брендови за професионална нега би требало да достигне околу 6 милијарди евра. Од менаџментот на „Коти“ се надеваат дека брендовите ќе бидат продадени до средината на следната година.