Свет

ЕУ ја тужи Данска поради називот „фета“ на данските сирења

28 ное 2019

Европската комисија (EK) ја тужи Данска поради тоа што не ја прекинала праксата на домашните компании да прават и извезуваат бело сирење надвор од ЕУ под етикетата „фета“.

Со тоа, според Комисијата, се прекршени правилата според кои употребата на називот „фета“ е ограничена само на сирења со потекло од Грција. 

Комисијата уште во јануари 2018 година покрена прекршочна постапка против Данска, а сега соопшти дека земјата не го решила ова прашање.

Сирењето „фета“ има ознака заштитено географско потекло во ЕУ од 2002 година. Како такво може да се произведува само во Грција, според утврдениот технолошки процес на производство.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...