Свет

„Волмарт“ ќе отвори 500 нови продавници во Кина

27 ное 2019

Американскиот малопродажен синџир „Волмарт“ ќе отвори 500 нови продавници во Кина, во следните пет до седум години. 

Со ова ширење, синџирот ќе го удвои своето присуство на кинескиот пазар со цел навреме да се подготви за 2023 година, кога, според очекувањата, Кина ќе стане најголемиот малопродажен пазар во светот. 

Покрај трговската војна меѓу САД и Кина, кинеските потрошувачи и натаму купуваат во „Волмарт“, кој во последниот квартал од годинава забележа пораст од 6,3 отсто, наспроти неговиот глобален пораст кој во истиот период изнесува само 2,5 отсто. 

Од синџирот најавија дека покрај отворањето нови, ќе реновираат 200 од постојните продавници во КИна, што ќе вклучи благајни за самопослужување кои користат технологија на препознавање лица. 

„Волмарт“ работи во Кина повеќе од 20 години.