Свет

„Алди“ и „Лидл“ ќе користат NutriScore

27 ное 2019

Дисконтерите „Алди“ и „Лидл“ планираат да ја користат ознаката NutriScore на своите прехранбени производи.

„Либенсмител цајтунг“ извести дека двата дисконтера се залагаат за стандардизираното нутритивно означување на Европската Унија, но сакаат да се осигураат дека семафор-системот ги исполнува законските барања на секоја земја.

Од „Алди“ изјавија дека го поддржуваат воведувањето на системот NutriScore, а „Лидл“ објави дека во моментов ја користи ознаката на неколку приватни марки.

Германската федерална министерка за храна, земјоделство и заштита на потрошувачи Јулија Клокнер, се изјасни во корист на ознаката, бидејќи семафор-системот најдобро се покажал во службеното истражување за потрошувачите. Резултатот би бил основа на моделот, кој Европскиот парламент препорачува доброволно да се користи на предната страна од амбалажата на прехранбените производи и на пијалаците. Регулативата треба да ја одобри Европската комисија и да ја прифати Бундестагот. Целта е новиот правен оквир да биде подготвен следната година.

Станува збор за ознаки на пакувањата на храна кои преку бои и букви на купувачите им ја покажуваат нутритивната вредност на производот (од најздраво темнозелено А до најмалку здраво црвено Е).