Свет

„Кооп“ претстави 80 нови производи

26 ное 2019

„Кооп“ најави големи вложувања во следниот период, откако резултатите од работењето покажаа дека значително е зголемен уделот на продажбата на сопствени брендови во нивните малопродажни објекти. 

Во портфолиото има околу 4.500 брендови, а продажбата порасна на 2,7 милијарди евра. 

Таков успех бара зголемување на асортиманот на производи, па „Кооп“ минатиот месец претстави 80 нови производи за лична нега под брендот Io. Линијата е достапна и за жени и за мажи. „Кооп“ има и бренд под називот Io Advance, во чии рамки спаѓаат и шампони за коса. Сите производи се без алергени, а состојките кои потенцијално можат да предизвикаат чешање или друга непријатност, се јасно означени.  

До 2022 година, „Кооп“ планира да ги пакува сите свои брендирани производи во амбалажа која може лесно да се рециклира и повторно да се употребува. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...