Свет

„Карфур“ наскоро и во Узбекистан

31 окт 2019

Францускиот гигант „Карфур“ следната година ќе ја отвори својата прва продавница во Узбекистан. 

„Карфур“ ќе влезе на узбекистанскиот пазар со својот партнер, групацијата „Мајид Ал Футаим“ со која трговецот веќе работи на Блискиот Исток, и во текот на следните две години ќе отвори седум продавници во главниот град Ташкент. Три супермаркети и еден хипермаркет ќе почнат да работат уште од 2020 година. 

Партнерството на „Карфур“ со „Мајид Ал Футаим“ трае 24 години и опфаќа контрола над 285 „Карфур“ хипермаркети и супермаркети во 14 земји.  

Узбекистан е идеален пазар за воведување на нашиот концепт - уживајќи во високиот економски раст, купувачот бара модерен начин на купување. Ова е пресвртница во нашиот поход кон пазарот на централна Азија, соопштија од „Мајид Ал Футаим“.  

Со влегувањето во Узбекистан, „Карфур“ ќе отвори 2.500 нови работни места, како и соработка со околу 600 локални дистрибутери и производители. 

 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



„Севн & ај“ ги купи бензинските станици „Спидвеј“

31 јул 2020

СТО: Пад од 13 отсто на глобалната трговија во 2020 година

31 јул 2020

„Лидл“ го реструктурира одделот за набавки

31 јул 2020

Уделот на е-трговијата во В. Британија достигна до 13%

31 јул 2020

„Амазон“ ќе отвори 30 физички продавници во Велика Британија

31 јул 2020

„Севн & ај“ ги презема „Спидвеј“ за 18 милијарди евра

31 јул 2020
Вчитува уште новости...