Свет

„Амазон“ и „Кока кола“ се меѓу петте највредни брендови во светот

21 окт 2019

Магазинот Best global brands го објави јубилејното 20-то издание на листата на највредни брендови во светски рамки. Податоците покажуваат дека вредноста на брендовите во 2001 година беше 988 милијарди долари, а оваа година надмина две илјади милијарди долари.

Петте највредни брендови во светот “тежат“ скоро 700 милијарди долари. Тие се: 

1. „Епл“ – пораст од 9% и вредност од 234.241.000.000 долари,

2.  „Гугл“– пораст од 8% и вредност од 167.713.000.000 долари,

3. „Амазон“ – пораст од 24% и вредност од 125.263.000.000 долари

4. „Мајкрософт“ – пораст од 17% и вредност од 108.847.000.000 долари

5. „Кока кола“ – пад од 4% и вредност од 63.365.000.000 долари

Во топ 10 највредни брендови се најдоа и:

6. „Самсунг“ – пораст од 2% и вредност од 61.098.000.000 долари

7. „Тојота“ – пораст од 5% и вредност од 56.246.000.000 долари

8. „Мерцедес“– пораст од 5% и вредност од 50.832.000.000 долари

9.  „Мек Доналдс“ – пораст од 4% и вредност од 45.362.000.000 долари

10. „Дизни“– пораст од 11% и вредност од 44.352.000.000 долари

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...