Свет

„Карфур“ отвори продавница за козметика во Париз

08 окт 2019

Трговскиот синџир „Карфур“ отвори специјализирана продавница за козметика во главниот град на Франција, а најголем дел од асортиманот го сочинува органска козметика. 

Новоотворената продавница се наоѓа во срцето на популарната париска населба Марсеј. Тука купувачите имаат на располагање 170 трговски марки. Од компанијата соопштија дека производите немаат ниту еден од 75-те состојки кои можат негативно да делуваат врз кожата (алергени).

Покрај цената, составот на производите е втор најважен критериум кога одлучувате каква козметика ќе купите, изјави директорот на „Карфур“ за Франција. 

Освен органски производи, продавницата нуди и козметика од познати брендови или производители, како што се L'Oréal, Maybelline, Petit Marseillais, Marlie, Kadalys....

Во рамки на новата продавница, на купувачите им се на располагање фризер и козметичар.




Слична содржина

@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 



Британската малопродажба-пред банкрот!

21 мај 2020

Розе вино со потпис на „Долче & Габана“

21 мај 2020

Брендови против приватни трговски марки

21 мај 2020

„Нестле“ гради погон во Кина

21 мај 2020

Продажбата во „Волмарт“ се зголеми за 10%

21 мај 2020

„Реве“ ќе продолжи со аквизиции

21 мај 2020
Вчитува уште новости...