Свет

„Континенте“ тестира нови производи

04 окт 2019

Португалскиот малопродажен синџир „Континенте“ почна програма со која на своите купувачи им дава информации за новите прехранбени трендови.

Прехранбената лабораторија на Континенте“ ќе ги пренесува трендовите преку екрани во одделни хипермаркети, на посебна веб-страница и преку организирање дегустации.

Производите ќе ја носат ознаката Food Lab Continente, а купувачите ќе одлучуваат дали производите ќе бидат ставени во асортиманот.

Првите производи се растителниот бургер Beyond Burger, вегетаријанските колбаси Salsichas de Ovo, биосокот Lemon'Mate, безалкохолниот пијалак Dom Rosato и Bread Beer, пиво што се произведува од вишокот леб, собран од продавниците на „Континенте“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...