Свет

Милијардерот Џек Ма се повлече од „Алибаба“

10 сеп 2019

Милијардерот Џек Ма, кој воведе електронска трговија во Кина, денеска официјално се повлече од местото извршен претседател на „Алибаба“.

Тој си заминува од функцијата по две децении и откако создаде бизнис вреден 460 милијарди долари.

Ма претходно најави дека ќе се посвети на филантропијата, а на местото извршен претседател ќе го замени досегашниот извршен директор на „Алибаба“, Данијел Чанг.

Заминувањето во пензија Ма ќе го одбележи со голема прослава во градот Хангџо, каде што се наоѓа седиштето на „Алибаба“.

Ма во 2014 година ја формира „Џек Ма фондацијата“ истакнувајќи оти за добротворната работа инспирација му е „Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



„Волмарт“ ќе ги продолжи разговорите за „Асда“

28 јул 2020

Русија сака да ги контролира цените во малопродажбата

28 јул 2020

Американската економија потона за рекордни 33 проценти

28 јул 2020

Австрија во „рецесија од историски размери“

28 јул 2020

Германскиот БДП го допре дното

28 јул 2020

„Карфур“ заштеди 480 милиони евра во првата половина од 2020 година

28 јул 2020
Вчитува уште новости...