Свет

Се намалува извозот на млеко

14 авг 2019

Вкупниот извоз на млеко на светот лани достигна 28,6 милијарди долари, што е намалување од 1,2 отсто во споредба со минатата година. Извозот на млеко во светски рамки за зминатите пет години е намален вкупно за 21,6 отсто.

Ако се гледа по континенти дури 52,5 отсто од извозот на млеко го направиле европски земји. На второ место се Нов Зеланд и земјите од Океанија, со учество 22,5 отсто во вкупниот извоз, анализира „Капитал“.

Азија е трет по големина извозник со 12,7 отсто од вкупниот извоз, следи Северна Америка со учество од 6,9 отсто во вкупниот извоз.
Гледано по земји, најголем извозник на млеко во светот е Нов Зеланд со извезено млеко во вредност од 5,5 милијарди долари или 19,3 отсто од вкупниот извоз.

Втор најголем извозник на млеко во светот е Германија со извоз на млеко од 2,8 милијарди долари.

Од земјите во регионот најголем извозник на млеко е Словенија, која лани извезла млеко во вредност од 142 милиони долари и е 29 по големина извозник од свет. Грција е 59 извозник во светот со извезено млеко лани од 23,7 милиони долари.

Македонија е многу мал извозник на млеко. Минатата година сме извезле млеко во вредност од само 4,2 милиони долари, со кои е на 80 место на листата најголеми извозници млеко во светот.
.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...