Свет

Европската Комисија ќе се бори против фрлањето храна

31 јул 2019

Европската комисија (ЕК) усвои методологија за мерење на фрлањето храна што треба да овозможи полесно следење и решавање на проблемот.

Фрлањето на храна е неприфатливо во свет во којшто гладуваат милиони луѓе и во којшто се намалуваат природните ресурси, што овозможуваат живот. Поради тоа дефиниравме превенција за фрлање на храната, изјави Франс Тимерманс, потпретседател на Комисијата.

Секоја година околу 20 отсто од храната произведена во Европската унија се губи или завршува на отпад. Методологијата на мерење се темели на заедничка дефиниција за фрлање на храната, што ќе им овозможи на земјите членки да го мерат вишокот храна на секој степен во ланецот на дистрибуција.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...