Свет

САД: „Амазон“ ја уништува малопродажбата

25 јул 2019

Министерството за правда на САД почна да го истражува работењето на „Амазон“ во рамки на својатаа антимонополска контрола на големите технолошки компании. 

Властите во САД имаат сериозни обвинувања за деловната пракса на онлајн гигантот. 

Ако го анализирате „Амазон“, иако постои одредена корист, оваа компанија ја уништи малопродажната мрежа ширум САД. така што нема сомнеж дека ја ограничи конкуренцијата. Добро е што јавниот обвинител тоа ќе го истражи оти станува збор за важно прашање, изјави денес Стивен Менучин, министер за финансии на САД. 

САД ќе испитува на кој начин големите онлајн платформи ја стекнаа својата моќ и дали „нивната пракса можеби ја намали конкуренцијата, ги задуши иновациите или на друх начин им наштети на потрошувачите“.  

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...