„Фигитал“ или комбинација на физичкото и дигиталното веќе се прави во сегашноста и ќе биде иднината на малопродажбата, се прогнозите од малопродажниот саем „РетаилХ“ кој се одржува во Чикаго и на кој присуствуваат 20.000 лидери на светските малопродажни компании во САД.
„Фигитал“ го комбинира најдоброто од онлајн продажбата (брзина, моментална достапност на информации) со можностите за интеракција со брендот и воспоставува емотивна поврзаност која е тешко да се постигне во интернет-светот.
Сегашната практика на трговците е да развиваат онлајн продажба како дополнителен канал на физичките продавници. Но, многу брендови и производи кои почнаа со продажба на интернет, отвораат продавници кога ќе ја надминат границата од еден милион приходи (некои брендови одат до десет милиони приходи). Но, тоа веќе не се дополнителни канали на кои сме навикнати, туку станува еден свет кој креира вкупно доживување, поврзува со брендот, раскажува приказна и на крај го продава производот.
На тој начин, „Фигитал“ ги задоволува потребите и на оние кои сакаат да го видат и да го допрат производот во продавница, но и на оние кои го гледаат на интернет, дознаваат се за него и потоа го порачуваат од која било локација на која во моментот се наоѓаат.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Актуелно Владините економски мерки - навремени или избрзани?20 мар 2024
|
|
Македонија Суровините (не) се закана за македонското производство27 мар 2024
|
|
Регион Србија: „Гомекс“ отвори нов маркет во Панчево22 мар 2024
|
|
Регион Србија: „Др. Еткер“ ги претстави новите чоколада28 мар 2024
|
|
Македонија „Тинекс“ ја отвори новата „СПОТ“ продавница27 мар 2024
|
|
Работење Иднината на магацинското работење20 мар 2024
|