Свет

„Карфур“ заминува од кинескиот пазар

25 јун 2019

Синџирот „Карфур“ презеде одлучувачки чекор во излегување од кинескиот пазар. Ланецот го продаде најголемиот дел од своите продавници, кои едвај преживуваа.

Купувач е компанијата „Сунинг“, со договор вреден 1,4 милијарди евра. „Сунинг“ работи во повеќе од 700 градови со над 8.880 продавници. Операцијата се очекува да биде завршена до крајот на годината откако ќе се добијат одобренија од регулаторите.

Договорот му нуди на „Карфур“ неколку ликвидни прозорци преку кои компанијата ќе ги продаде останатите 20 отсто од акциите во Кина, соопштија од француската компанија. 

Во четвртиот квартал од 2018 година, „Карфур“ во Кина со соочи со пад на продажбата од 6,2 отсто. Синџирот маркети работеше во оваа земја 23 години. По првиот отворен објект во 1995 година, изгради мрежа од 210 хипермаркети и 24 продавници.