Свет

„Унилевер“ ја презема „Оли нутришн“

12 јун 2019

Компанијата „Унилевер“ ја објави најновата аквизиција со бизнисот за прехранбени додатоци „Оли нутришн“, со седиште во САД.

Бизнисот го почнал Ерик Рајан во 2014 година во Сан Франциско, а производството опфаќа витамини, минерали, протеински прашоци и снек-барови.

Според договорот, Рајан ќе остане во компанијата како директор за развој, а Гери Чис, кој досега беше оперативен менаџер, ќе ја преземе улогата на генерален директор.

Аквизицијата треба да помине низ процесот на одобрување од регулаторните тела.

Воодушевено му посакуваме топло добредојде на Olly во нашето портфолио, коментира Аманда Сури, претседател на „Унилевер“ за Северна Америка, која додава дека брендот е силен и иновативен, односно дека одлично ќе се вклопи во сегментот за убавина и лична нега.

„Унилевер“ ќе ни помогне да ја прошириме нашата мисија, култура и посветеноста да им помагаме на луѓето што се чувствуваат среќно однатре, истакнува Рајан.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...