Свет

Прв ден на PLMA - најголемиот саем за приватни трговски марки

22 мај 2019

Рекордни 2.700 компании-изложувачи од повеќе од 70 земји, вклучувајќи ги и 60 национални  и регионални павиљони. Изложбениот простор покрива речиси 42.000 м² во 15 изложбени хали во центарот RAI.

Производите кои се изложени вклучуваат свежа, замрзната и разладена храна, намирници и пијалаци, како и непрехранбени производи, вклучувајќи ја козметика, средства за домаќинство, козметика за автомобили, производи за домаќинство и сл.

Ви претставуваме и некои од промотивните штандови на компаниите од Македонија:

Посебна атракција на саемот PLMA е супермаркетот „Идеа“ каде посетителите можат да ги видат приватните трговски марки кои се избрани како победници и се добитници на наградата Salute to Excellence. „Идеа“ ги прикажува приватните трговски марки на трговците, кои укажуваат на важни потрошувачки трендови во Европа, САД, Јужна Америка, Африка и Азија. Во „Идеа“ можат да се види и изложбата на новите 600 производи кои се избрани поради нивната иновативност и оригиналност, а меѓу нив годинава се најде и „Виталиа“ со производот Collagen muesli with fruit and seeds.

Тема на годинешниот меѓународен саем е „Listen to the Buzz", а во текот на самитот се очекува да бидат реализирани повеќе од илјада разговори меѓу трговците и производителите.

Погледнете повеќе слики и од трговците:



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



„Пени“ воведе систем за скенирање во стотици продавници

06 јул 2020

Германија го ограничува бројот на работни визи за Балканот

06 јул 2020

„Ц & Ц груп“ ја презема дистрибуцијата на Budweiser во Ирска

06 јул 2020

„Алберт Хеин“ презема пет продавници „Џамбо Хершап“

06 јул 2020

САД: Повеќе од 3.400 компании поднесоа барања за банкрот

06 јул 2020

Кризата „укинува“ 400 милиони работни места на глобално ниво

06 јул 2020
Вчитува уште новости...