Свет

Продажбата на „Унилевер“ ги надмина очекувањата

22 апр 2019

Холандско - британскиот гигант „Унилевер“ објави дека неговата вкупна продажба забележа силен раст во првиот квартал од годинава, што е резултат на растот на цените и на волуменот на продажбата, како и на успехот на новите пазари. 

„Унилевер“, кој, меѓу другото, е производител на сапунот Dove и на сладоледот Ben & Jerry’s, ги потврди и своите проценки за 2019 година во кои предвидува раст на вкупната продажба меѓу 3 и 5 отсто. 

Во првиот квартал, вкупната продажба на „Унилевер“ порасна за 3,1 отсто. Од тој раст, 1,2 отсто отпаѓа на зголемена количинска продажба, а 1,9 отсто е од зголемување на цените.