Свет

„Теско“ почнува со ценовна кампања

12 дек 2018

Британски „Теско“ почна со голема кампања за подобрување на имиџот на цените, по големата реорганизација на своите приватни трговски марки.

Дејв Луис, главен извршен директор, изјави дека тој потег ќе доведе до реализација на тригодишниот план за фаќање чекор со „Алди“ и со „Лидл“: Се покажа дека со години имаме најконкурентна кошница. Не само што сме ценовни натпреварувачи, туку сме и ценовни победници. Дојде времето тоа да почнеме да го споделуваме со купувачите.

Своето тврдење „Теско“ го темели на кошницата од 26 производи Exclusively at Tesco, која се состои од млеко, млечни производи, овошје, зеленчук, месо, риба и пекарски производи. Кампањата е насочена токму на новата линија Exclusively at Tesco, со која трговецот го заменува асортиманот Everyday Value. Натписите со слоганот „Пронајдете ги брендовите со најдобрите вредности во продавницата денес“ се поставени на излезот и пред продавниците.

Луис истакна дека 80% од асортиманот Exclusively at Tesco веќе се на полица, а остатокот ќе пристигне до крајот на годинава.

Зголемување на Wicked Kitchen: „Теско“ го зголеми за повеќе од двојно асортиманот на Wicked Kitchen (производи од растително потекло) за да ја задоволи растечката побарувачка за вегански производи. Асортиманот, кој беше лансиран на почетокот од годинава, е проширен за 26 линии. Во изборот се вклучени ролни со вегански колбаси, пити, пици од кисело тесто, ладни десерти... Минатата година продажбата на ладна веганска храна во „Теско“ се зголемила за 25%.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...