
Во соработка со брендот Nivea и со локалната самоуправа, жителите на Оџаци се изборија за нова безбедна оаза за игра и подобро растење на најмалите.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во соработка со брендот Nivea и со локалната самоуправа, жителите на Оџаци се изборија за нова безбедна оаза за игра и подобро растење на најмалите.
Како што потсетуваат од компанијата „Беарсдорф" - Србија, сѐ почна во 2013 година кога на социјалните мрежи се појави кампањата „Каде ни растат децата". Целта на кампањата беше да се обрне поголемо внимание за немањето соодветни игралишта за деца.
Во соработка со родителите и надлежните институции, отворени се нови оази за игра и безбедно растење на нашите деца. Низ цела Србија почна модернизацијата на игралиштата, а најновото, свечено е отворено во Оџаци. Иницијативата на „Баерсдорф" во Србија е со цел децата и семејствата да поминуваат квалитетно заедничко време. Особен емотивен тон на целата иницијатива дадоа и заложбите на жителите на Оџаци, стои во соопштението од компанијата.
Од компанијата истакнуваат дека игралиштата Nivea ги исполнуваат највисоките европски стандарди за безбедност на детските игралишта во поглед на изборот на опрема и сигурносна подлога.
Како што е најавено, акцијата за средување на игралиштата во сите делови на Србија, ќе биде продолжена и во текот на 2016 година. На овој начин, Nivea ќе продолжи да придонесува за создавање на подобри услови за растење на најмладите жители, порачуваат од „Баерсдорф" – Србија.